понеделник, септември 7, 2026
Дома СКОПСКА Општина Кисела Вода ги потпиша договорите со спортските клубови на нејзината територијата

Општина Кисела Вода ги потпиша договорите со спортските клубови на нејзината територијата

2

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, бети Стаменкоска-Трајкоска ги потпиша договорите со спортските клубови од општината, со што, како што вели се создадени условите за непречено одвивање на спортските активности во претстојната сезона.

Од Општина Кисела Вода информираат дека договорите ги опфаќаат термините за тренинзи, организацијата и одржувањето на натпреварите во текот на викендите, како и користењето и одржувањето на спортските сали на Општина Кисела Вода.

-Соработката ја продолжуваме со РК „Спартак“, ЖРК „Вардар“, ЖРК „Атлетик“, РК „Вардар“, РК „Драчево“, КК „Ангели“, ЖКК „Бадел“, ОК „Фламинго“, ОК „Јанта Волеј“ и КК „Младинец“. За нас е важно секој спортски клуб да има соодветни услови за работа, а спортистите да можат непречено да тренираат и да ги одржуваат своите натпревари. Затоа, заедно со клубовите ги усогласуваме потребите и распоредот уште пред почетокот на сезоната – истакна Стаменкоска – Трајкоска.

Таа додава дека спортските сали се места каде што се создаваат нови генерации спортисти, се градат тимскиот дух и дисциплината, но и се пишуваат нови спортски приказни.

-Нашата поддршка за спортот продолжува! Со заедничка работа со клубовите создаваме подобри услови за тренинг, повеќе можности за младите и нови спортски успеси на Кисела Вода. Нека започне новата сезона – со многу натпревари, победи и спортски успеси – посака Стаменкоска- Трајкоска.

 

ИЗДВОЕНИ