сабота, јуни 6, 2026
Дома СКОПСКА Општина Ѓорче Петров го одбележа својот празник

Општина Ѓорче Петров го одбележа својот празник

84

Со свечена седница на Советот, на која беа презентирани постигнатите резултати и визиите за развој, Општина Ѓорче Петров денеска го одбележа својот празник.

Во своето обраќање, градоначалникот Александар Стојкоски истакна дека Општината потврдила во изминатиот период дека со визија, заедничка работа и со обединетост може да се гради стабилна, одговорна и современа локална заедница.

– Делата зборуваат најгласно – ова е нашата заедничка приказна за успех – нагласи Стојкоски, презентирајќи дел од реализираните проекти: 150 нови и реконструирани улици, нова спортска сала во Хром, осум нови спортски терени, нова општинска зграда – центар на услуги за граѓаните, реконструирана улица „Радушка“, реконструкција на училиштето во Кучково – регионален центар за деца херои, нова детска градинка во Стопански Двор, пречистителна станица во Орман, бесплатна градинка и оброци за децата на бранителите, нов локален пат Волково – Орман. Сето ова е само дел од нашиот заеднички успех, темел за уште поголем развој – Стојкоски.

На свеченоста беа доделени и годишни признанија. Годишната награда на Општина Ѓорче Петров му беше врачена на доктор Боро Јончев, а беа одликувани и ученици, како и добитници на признанија за својот придонес во развојот на локалната заедница.

Свечената седница заврши со заедничка порака за единство и заедништво.

На седницата ѝ претходеше положување цвеќиња пред споменикот на патронот на Општината, револуционерот Ѓорче Петров.

ИЗДВОЕНИ