сабота, август 22, 2026
Дома СКОПСКА Општина Гази Баба субвенционира набавка на печки на пелети

Општина Гази Баба субвенционира набавка на печки на пелети

29

Општина Гази Баба продолжува со мерките за подобрување на квалитетот на животната средина и за поддршка на своите граѓани преку објавување јавен повик за субвенционирање набавка на печки на пелети.

– Со оваа мерка се поттикнува користењето на поеколошки и поефикасни системи за затоплување, кои придонесуваат за: намалување на загадувањето на воздухот, почиста и поздрава животна средина, поефикасно и поквалитетно затоплување на домовите, намалување на трошоците за греење на долг рок, како и за поттикнување на користењето енергенси со помало влијание врз животната средина – соопштија од Општина Гази Баба.

Оттаму ги повикуваат сите жители на Општина Гази Баба што ги исполнуваат условите да ја искористат оваа можност и да аплицираат за финансиска поддршка.

Деталните услови, потребната документација, висината на субвенцијата и рокот за аплицирање се наведени во јавниот повик.

 

 

ИЗДВОЕНИ