Советот на Град Скопје донесе одлука за доделување финансиска помош во висина од 1.200.000 денари за справување со последиците од земјотресот, како искрен чин на солидарност кон пријателскиот народ на Венецуела.
– Изразуваме длабоко сочувство до семејствата на жртвите, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување. Нашите мисли се со сите граѓани што минуваат низ овие тешки моменти. Скопје беше изградено од солидарноста на светот, меѓу кои беше и Венецуела – велат од Град Скопје












