– Ја подготвуваме програмата. Иако имаше поделено мислење кај дел од мојот тим, често и кај граѓаните кога комуницирам, јас решив го да ставам акцентот на македонската музика и на македонските изведувачи. Имаме широк спектар на наши уметници, кои се познати не само во Македонија туку и пошироко. Така што најдобро е домашното и затоа оваа година ќе имаме наши, македонски изведувачи, на кои ќе им дадеме шанса да ги забавуваат скопјани – одговори Ѓорѓиевски на прашањето дали ќе има годинава пречек на Новата година на Градскиот плоштад.
Тој, исто така, нагласи дека нема да има програма само на 31 декември туку и 15 дена претходно
И годинава ќе има организиран пречек на најлудата новогодишна ноќ. Скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, во директно вклучување во кое зборуваше за буџетот на Град Скопје за 2027 година и одговараше на прашањата и предлозите на скопјани, новитет што се воведува првпат, рече дека Државна лотарија и годинава ќе даде поддршка во организацијата на културниот дел и за изведувачите.
– Ја подготвуваме програмата. Иако имаше поделено мислење кај дел од мојот тим, често и кај граѓаните кога комуницирам, јас решив да го ставам акцентот на македонската музика и на македонските изведувачи. Имаме широк спектар на наши уметници, кои се познати не само во Македонија туку и пошироко. Така што најдобро е домашното и затоа оваа година ќе имаме наши, македонски изведувачи, на кои ќе им дадеме шанса да ги забавуваат скопјани – одговори Ѓорѓиевски на прашањето дали ќе има годинава пречек на Новата година на Градскиот плоштад.
Тој, исто така, нагласи дека нема да има програма само на 31 декември туку и 15 дена претходно.
Од Град Скопје информираат дека ќе понудат богата новогодишна програма со голем број празнични настани и содржини наменети за сите возрасти. Предвиден е божиќен базар во траење од 15 дена, кој ќе ја збогати новогодишната атмосфера за скопјани и за посетителите на градот.
Што се однесува на новогодишното украсување, општинските власти велат дека навремено е завршена процедурата за избор на компанијата што ќе го реализира и оти ќе биде накитен градот најдоцна до 15 декември.
Ѓорѓиевски извести дека, како прв човек на градот, и годинава ќе ја дочека Нова година на плоштадот „Македонија“, меѓу скопјани и ги повика граѓаните сите заедно да се забавуваат.
ЈСП со заштеда од половина милион евра за гориво
Освен тоа, првиот човек на градот се пофали и дека ЈСП „Скопје“ заштедило половина милион евра за гориво во услови кога се пуштени плус 50 автобуси во сообраќај, односно кога сообраќаат повеќе од 200 автобуси, за разлика од претходно, кога функционирале 148.
Тој информираше дека е воведена контрола на потрошувачката на гориво преку поставување ГПС-уреди во автобусите, возилата на јавните претпријатија и автомобилите на Град Скопје. Воедно, поставени се и сонди за мерење на горивото, со цел да се следи потрошувачката и да се спречат евентуални злоупотреби.
Со воведувањето БРТ, тој нагласи дека Скопје ќе има еколошки транспорт и апелираше да се користи градскиот воз, за кој се подготвуваат и втора и трета фаза.
Пречистителната станица готова до крајот на мандатот
Освен тоа, на прашањата од граѓаните за тоа до каде е изградбата на пречистителната станица во Трубарево, на територијата на Општина Гази Баба, тој во живо одговори дека се реализирани 40 проценти и оти се надминати сите проблеми.
– Наредната недела ќе биде потпишан договор меѓу ЈП „Водовод и канализација“ и операторот, а во врска со довршувањето на колекторот. Што се однесува до целосното завршување на пречистителната станица, таа би била готова до крајот на мојот мандат – рече Ѓорѓиевски.
МН: Наскоро реализација на лунапаркот
Освен тоа, тој вети и дека до крајот на неговиот мандат ќе биде завршен лунапаркот.
Тој објасни дека требало да бидат монтирани 20 реквизити, но паралелно се водела судска постапка, која завршила.
– Град Скопје платил над 80 проценти за седумте реквизити, но не ги добил за да ги монтира. По судската одлука, бевме доведени во состојба да ја прифатиме монтажата на реквизитите што ги обезбедил и платил Град Скопје во минатото. Го раскинавме договорот со операторот што беше избран и сега ќе се реализира договорот што беше суспендиран од икс причини – објасни Ѓорѓиевски, нагласувајќи дека за многу брзо време ќе има реализација на лунапаркот.
Според Ѓорѓиевски, партерно ќе се уреди просторот, а откако ќе се монтираат седумте реквизити, заедно со граѓаните ќе се утврди што недостига од реквизити за да се набават. На тој начин, вели тој, нема непотребно да се трошат многу пари.
Отворање на киното „Милениум“ во првата половина на 2027 година
Градското кино „Милениум“ ќе биде отворено во првата половина на наредната година. Скопскиот градоначалник информира дека е изработен проектот за реконструкција и дека Агенцијата за филм ќе ја обезбеди опремата за градското кино.
– Во време кога бев градоначалник на Општина Кисела Вода, таму беа отворени две кина, едното во Драчево, а другото во Кисела Вода. Сметам дека е многу важно граѓаните да имаат градско кино – истакна Ѓорѓиевски, потенцирајќи дека лентата за новото градско кино, заедно со граѓаните, ќе биде пресечена во првата половина на наредната година.
(А. П.)












