Општина Делчево, воведува новина во системот за заштита на природата. Станува збор за редовни контроли со беспилотни летала, со цел навремена превенција и откривање на потенцијални шумски пожари. Активностите ќе се одвиваат преку ТППЕ Делчево и согласно со насоките на Кризниот штаб.

– Со користење на новата современа технологија значително се унапредува мониторингот на ризичните подрачја и се овозможува побрза и поефикасна реакција на надлежните служби – велат од Општината.

Овие активности ќе продолжат и во наредниот период, во координација и соработка со други релевантни институции, со заедничка цел – заштита на шумите, животната средина и безбедноста на граѓаните. Од Општината апелираат до сите граѓани на одговорно однесување и почитување на мерките за заштита од пожари.

– „Медениот месец” на пироманите е официјално завршен – заклучија општинските власти.

Со воведувањето на „челичните птици“ во служба на пожарникарите, Делчево поставува нов стандард во регионот за тоа како модерната технологија може да ги заштити природните богатства.

ИЗДВОЕНИ