Традиционално и годинава видовме одлични модни комбинации. Кај мажите, посебен детаљ беа, секако, вратоврската, елекот и пеперушката. Имаше и такви господа кои елегантноста ја дополнија и со модерните (бели) машки шапки. Кај дамите, доминираа тоалетите со атрактивни модни тонови или беа со впечатлив дезен, соодветно комбинирани со болеро, мала чанта и секако обувки со високи потпетици.
Викендов во македонска метропола заврши уште еден светски познатиот Виенски бал, овојпат 25-ти по ред. Традиционално под покровителство на Амбасадата на Република Австрија во Македонија, Градот Виена, Министерството за култура на Македонија, а во организација на Здружението за културна соработка „Јохан Штраус“.
И што да се каже за впечатоците? Освен дека се “пукаше“ од раскош, сјај, гламур, комплетна убавина. Дамите облечени во прекрасни вечерни долги тоалети, а господата – во смокинг, фрак, темно одело или униформа. Виенскиот Бал во Скопје (чиј директор е Оливер Арсовски во соработка со Амбасадата на Австрија во Македонија) и оваа година ја потврди цврсто македонско-австриската сорaботка на поле на културата и уметноста, донесувајќи ја магијата на музиката, танцот и гламурот и тоа во служба на хуманоста.
Балот беше отворен со танчарска точка на студиото „Прима Данца“ и оркестарот на „Јохан Штраус“.
Потоа на присутните им се обрати Австрискиот амбасадор Мартин Памер. – Драго ми е што овој настан прерасна во убава традиција, која трае веќе 25 години, а како секогаш е од хуманитарен карактер.
Во музичкиот дека настапија познатите Ана Петановска, Џон Илија Апелгрен, Полина Тасева, Калина Велковска и „Свингерси бенд“ кои ја разиграа уште повеќе и онака разиграната публика. Диригентка на оркестарот беше маестра Бисера Чадловска. Поп-пејачката Ана Петановска пееше македонски и светски поп и рок хитови и навистина сите ги воодушеви. Настапија и извонредни балетски солисти Димитро Чеботар и Саша Ефтимова која беше и кореограф на танцовите точки. Танцуваше и танцовата двојка за стандардни танци, Бојан и Катарина Лазаревски, со кореографија на Влатко Павлески. Како специјални гости настапија членовите на Националниот џез оркестар.
Доминираше и присуството на скопскиот Градоначелник Орце Ѓорѓиевски.
На Виенскиот бал, традиционално и годинава видовме одлични модни комбинации. Кај мажите, посебен детаљ беа, секако, вратоврската, елекот и пеперушката. Имаше и такви господа кои елегантноста ја дополнија и со модерните (бели) машки шапки. Кај дамите, доминираа тоалетите со атрактивни модни тонови или беа со впечатлив дезен, соодветно комбинирани со болеро, мала чанта и секако обувки со високи потпетици. Сè на сè, се создаде една силна модна магија споена со музиката и со срдечни комуникации меѓу присутните.


На далеку познатиот валцер „На убавиот син Дунав“ на сите им ја крена атмосферата на доброто расположение. Со тоа убавата Виена, австриската, но и светска метропола, како да се „пресели“ од Дунав, на Вардар во Скопје. Добредојде им посака водителката на настанот, поранешната Мис на Македонија, Вера Мештеровиќ. Таа и овој пат покрај својот шарм, воодушеви со прекрасна вечерна тоалета, креација на нашата модна икона, Елена Лука, со што уште повеќе беше почувствуван виенскиот шмек. Секој гостин на Балот, со самото присуство, со поканата, активно учествуваше во афирмација на добрина, достоинство и вредностите на човековиот род.
Дуле МИЌИЌ












