петок, јули 31, 2026
Дома СКОПСКА Општина Чаир се поднови со 100 нови контејнери

Општина Чаир се поднови со 100 нови контејнери

24

Општина Чаир се поднови со 100 нови контејнери, кои се поставуваат на целата нејзина територија, и тоа на локации каде што е најголема потребата. Целта е поефикасно собирање на отпадот и подобрување на чистотата во различни населби на Чаир.

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, истакна дека инвестициите во јавната хигиена остануваат еден од приоритетите на Општината.

– Континуирано инвестираме во создавањето подобри услови за граѓаните. Поставувањето 100 нови контејнери и проширувањето на мрежата на подземни контејнери се дел од нашата посветеност за почист, поуреден и пофункционален Чаир за сите – изјави Меџити.

Инаку, досега се поставени 15 подземни контејнери во Чаир, а по обезбедувањето средства преку Програмата за урбан развој, активностите ќе продолжат на нови локации на територијата на Општината.

 

 

ИЗДВОЕНИ