Општина Битола ќе издвои средства за адаптација, изградба или за поставување инфраструктура и опрема за полесна пристапност, мобилност и функционалност на лицата со попреченост до нивниот дом и во него.
За таа цел е распишан јавен повик, според кој, субвенционирањето на трошоците ќе биде во целост или делумно.
Искористувањето на средствата е согласно со Правилникот за искористување на средства од програма за социјална заштита на Општина Битола за 2026 година во делот на инфраструктура за лица со попреченост во домот.
Потребната документација и условите за пријавување може да се видат во самиот правилник или да се подигне од Општина Битола на шалтер број 1.
Јавниот повик е отворен во текот на цела година до целосно искористување на средствата.












