Општина Битола објави јавен повик за доделување финансиски средства од буџетот на Општина Битола за реализација на активности од акцискиот план за развој на волонтирањето за организирање волонтерски акции.
Висината на финансиските средства што ќе се доделат за организација на волонтерска акција изнесува најмногу до 30.000 денари. Вкупниот фонд за поддршка на волонтерските акции е 400.000 денари. Временската рамка за спроведување на волонтерските акции е до 15 декември 2026 година.
Овој повик, како што велат од Општина Битола, е во насока на остварување на нивните заложби за поддршка на граѓанските организации во промоцијата и поттикнувањето на активизмот на граѓаните и нивната поголема вклученост во активностите од суштествено значење за локалната заедница, како што се волонтирањето и општествената одговорност.












