среда, јули 15, 2026
Дома СВЕТ Опасниот вирус надвор од контрола: Еболата се шири побрзо отколку што светот...

Опасниот вирус надвор од контрола: Еболата се шири побрзо отколку што светот може да реагира, стотици заразени и десетици мртви

608
EPA/STRINGER

Нови случаи на ебола се потврдени во Африка, додека паралелно се истражуваат повеќе од илјада сомнителни инфекции, а експертите предупредуваат дека епидемијата се шири брзо поради сериозен недостаток на заштитна опрема и бавен меѓународен одговор.

До крајот на мај, вкупно 263 случаи на ебола беа потврдени во Демократска Република Конго и Уганда, според директорот на Африканскиот центар за контрола и превенција на болести, Жан Касеја.

Во колумна за Фајненшл тајмс, тој наведе дека повеќе од 1.100 сомнителни случаи во моментов се истражуваат, додека 43 лица починале како резултат на реткиот сој на ебола познат како бундибугио. Касеја ги предупреди државите итно да ги зајакнат своите кризни механизми и да инвестираат повеќе во долгорочна подготвеност за можни пандемии.

Ова е 17-та епидемија на ебола во Демократска Република Конго и една од најголемите откако вирусот е првпат идентификуван пред повеќе од 50 години, а според експертите, ширењето на болеста во моментов ја надминува брзината на меѓународниот одговор, објавува Ројтерс.

Здравствените служби, исто така, предупредуваат на сериозни недостатоци во системот, наведувајќи дека нема ниту доволно основна заштитна опрема, како што се маски, додека вирусот се шири со недели без навремено откривање.

Светската здравствена организација (СЗО) ја прогласи епидемијата во ДР Конго и Уганда за итен настан за јавно здравје од меѓународно значење.

ИЗДВОЕНИ