Меѓународната поморска организација (ММО), агенцијата на ОН одговорна за поморската безбедност, процени дека околу 6.000 морнари сè уште се заглавени во Заливот.
Агенцијата на ОН ги осуди континуираните непријателства во регионот и во Ормускиот теснец.
„Овие напади само го влошуваат стравот, неизвесноста и психолошкото страдање што веќе го доживуваат околу 6.000 морнари кои остануваат заглавени на бродови што не можат безбедно да го напуштат Заливот“, рече генералниот секретар на ММО, Арсенио Домингез.
Тој ги повика сите страни да избегнуваат пловење со своите бродови низ теснецот.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес во Анкара изјави дека меморандумот за разбирање потпишан со Иран е завршен, но додаде дека ќе дозволи преговорите да продолжат.
„За мене, мислам дека е завршено“, рече Трамп на маргините на самитот на НАТО во Анкара, каде што новинарите го прашаа за статусот на прекинот на огнот.
Соединетите Американски Држави (САД) нападнаа повеќе од 80 цели во Иран како одговор на иранските напади врз комерцијални бродови во Ормутскиот теснец, што предизвика напади од страна на Техеран врз американските бази во Кувајт и Бахреин утрово, пренесе „Бета“.












