Французинот Естебан Окон се навикнува на новиот болид, откако се пресели од Алпин во Хас, кој има сосема поинаков агрегат. Тој ги истакна големите разлики меѓу двата тима, каде што сега користи погонска единица на Ферари.
Покрај тоа што ќе се адаптира во новиот тим, тој мора да се навикне и на сосема поинаков мотор во однос на оние што ги користеше претходно. Окон има искуство со мотори на Мерцедес и Рено, а сега првпат вози болид со мотор на Ферари.
- Бев шокиран кога првпат го возев болидот на Хас во Абу Даби. Но, на патеката, кога зборуваме за перформансите, моторот работи одлично и одлично се вклопува со јаките страни на болидот. Имаше големи разлики, но многу поедноставивме. Сега користењето на моторот ми се чувствува многу поприродно отколку што првично замислував.
Окон оваа година ќе ја дели гаражата со дебитантот Оливер Берман, а и двајцата за првпат ќе бидат управувани од директорот на тимот, Ајао Комацу.