Екипата на Оклахома се пласираше во финалето на Западната конференција на НБА лигата, откако по четврти пат го победи тимот на Лос Анџелес Лејкерс.
Тандер победија во Калифорнија со 115:110, со што ја завршија четвртфиналната серија од плејофот со вкупни 4-0.
Лејкерс немаа одговор за енергичниот тим на Оклахома во четвртиот натпревар, кој покажа повеќе енергија, ширина во ростерот и квалитет во клучните моменти од натпреварите низ целата серија.
Уште една фантастична игра одигра Шаи Гилџус-Александар, кој постигна 35 поени со осум асистенции и ги предводеше Тандер до уште една победа. Тој имаше одлична поддршка во одличниот Мичел, кој додаде 28 поени, додека важен придонес дадоа и Чет Холмгрен со 16 поени и девет скока и Мекејн со 13 коша.
Ова беше и осма последователна победа на Оклахома над Лејкерси оваа сезона.
Лејкерси не можеа да сметаат ниту на повредениот Лука Дончиќ на овој натпревар, чие отсуство беше огромен хендикеп за тимот од Лос Анџелес. во негово отсуство се истакна Остин Ривс со 27 поени, Руи Хачимура додаде 25, додека Леброн Џејмс го заврши натпреварот со 24 поени и 12 скока. Но, „Кралот“, кој полека чекори кон 42-годишна возраст, по мечот говореше околу своето пензионирање.
- Немам уште одговор за моето пензионирање. Не знам што ми носи иднината… Ќе си одам дома, ќе бидам со моето семејство, ќе разговарам со нив и кога ќе дојде време, ќе знаете што одлучив, изјави Леброн за „Клач Поинтс“.
Инаку, Тандер ќе играат против победникот од серијата помеѓу Минесота – Сан Антонио во финалето на Западната конференција.
Оклахома ја продолжува својата импресивна сезона и сега е само на еден чекор од големото финале во НБА.











