Шеесет и седумгодишната Марина П. го убила својот сопруг З. П. (76) во стан на Баново Брдо во Белград, а како што раскажуваат соседите за Нова.рс, во ова семејство имало и претходни инциденти. Грозоморното семејно убиство од утрово, како што пишуваат некои српски медиуми, крие темно минато полно со насилство.
Полицијата сè уште го истражува местото на бруталниот злостор. Кога полицијата пристигнала на местото на настанот и влегла во станот, пронашла ужасна сцена – тело на маж во локва крв, а на подот оружјето со кое е извршено морничавото убиство. Не им требало долго време за да ја пронајдат осомничената, сопругата на покојниот З. П., Марина П.
„Марина беше фина и елегантна дама сè додека здравјето не ѝ се влоши. Пред година и пол, беше однесена со итна помош. Беше во таква состојба што не можеа да ја совладаат, а потоа слушнавме дека скршила сè во станот. Мислам дека дури и била хоспитализирана некое време. Кога се случил тој инцидент во станот, таа и нејзиниот сопруг се разделиле. Тој си заминал од дома, но по некое време се вратил во станот за да се грижи за неа“, изјавил еден од соседите на двојката од Баново Брдо за порталот Нова.рс.
„Не знам што конкретно се случи сега, но можам да претпоставам дека имала уште една своја епизода, бидејќи веројатно не ја земала терапијата“, вели изворот на порталот Nova.rs.
Српскиот портал Телеграф.рс. пак пишува дека М. П. (67) му пресудила на својот сопруг З. П. (76) со тоа што наводно му забила ногарка од стол директно во градите, а се испостави дека истата жена била сторител на ужасниот инцидент минатата година!
Според српскиот портал М. П. веќе ѝ била позната на полицијата по нејзиното екстремно насилство. Минатата година, таа го бркала својот сопруг низ станот со нож, а кога полицијата интервенирала, таа брутално ги нападнала полицајците. За жал, инцидентот од тогаш не ја спречил трагедијата утрово.
Телеграф пишува дела за време на расправија, жената зграпчила дрвен стол, го скршила и го прободела сопругот директно во срцето со острата ногарка. Бидејќи М. П. се заклучила во станот, пожарникарите морале да ја скршат блиндираната врата за да можат полицајците да влезат и да го уапсат осомничениот.
Несреќниот пензионер бил пронајден во огромна локва крв, без знаци на живот, додека жената била пронајдена до него.
Жителите на зградата потврдиле за Телеграф.рс дека семејството било е проблематично и често се слушале викотници.
„Сите знаевме дека таа е проблематична и дека го нападнала и претходно. Минатата година имаше цела драма со полицијата. Утрово кога ја слушнавме бучавата, знаевме дека повторно се случува нешто страшно, но дека ќе го убие со ногарка од стол… тоа е неверојатно“, вели шокирана соседка.
М. П. е приведена и ѝ е одреден полициски притвор до 48 часа, по што ќе биде испрашана во Вишото јавно обвинителство. Телото на З. П. е префрлено во судска медицина.
Истрагата е во тек и голем број полицајци и екипа за вештачење се на местото на настанот. Мотивите за ова брутално злосторство сè уште се непознати.












