вторник, јуни 16, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА ОЈО Скопје предложи притвор за лицето што вчера намерно ги опожари возилата...

ОЈО Скопје предложи притвор за лицето што вчера намерно ги опожари возилата на Бугарската амбасада во Скопје

14
Фото:принтскрин, видео МВР, фб

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 44-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став од Кривичниот законик, а јавен обвинител предложи мерка притвор.

– На критичниот ден тој излегол од дома, се качил во автобус и дошол во Центар, па од бензинската пумпа во близина на бугарската амбасада наполнил бензин во пластично шише. Потоа ја преминал улицата и се доближил до двете паркирани дипломатски возила во сопственост на Амбасадата кои ги полеал со бензинот и ги запалил со запалка. Веднаш откако го предизвикал опожарувањето го напуштил местото на настанот, информира Обвинителството.

Инцидентот го осуди Владата која побара брза реакција и пронаоѓање на сторителот кој потоа за кратко време е идентификуван и приведен од страна на Министерството за внатрешни работи.

Опожарувањето на двете дипломатски возила наиде и на реакции во Бугарија.

ИЗДВОЕНИ