сабота, јуни 6, 2026
Дома СКОПСКА Одвоени 3 милиони денари – директна инвестиција во идеи, иницијативи и решенија

Одвоени 3 милиони денари – директна инвестиција во идеи, иницијативи и решенија

66

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, потпиша договори за финансиска поддршка на проекти на невладини организации.

– Определивме 3 милиони денари, како директна инвестиција во идеи, иницијативи и решенија што доаѓаат од граѓаните и се насочени кон подобрување на квалитетот на живот во нашата општина. Оваа година поддржуваме вкупно 40 проекти од различни области: образование, животна средина, човекови права, детска заштита, социјална инклузија, култура и други важни сегменти од општеството – соопштија од Општина Гази Баба.

Оттаму додаваат дека граѓанските организации се двигатели на позитивни промени – тие ги препознаваат реалните потреби, иницираат решенија и активно придонесуваат за развој на заедницата.

Како што истакнуваат од локалната самоуправа, преку овие проекти ќе се опфатат различни категории граѓани – деца, млади, ранливи групи и сите оние што сакаат да бидат активен дел од општеството.

– Општина Гази Баба останува отворена, транспарентна и достапна за сите. Продолжуваме да ги поддржуваме иницијативите што носат вредност и вистински промени. Веруваме дека само преку заедничка работа и партнерство можеме да изградиме посилна, поинклузивна и поразвиена заедница – заклучија од локалната самоуправа.

 

ИЗДВОЕНИ