понеделник, јуни 15, 2026
Дома СВЕТ Одеса во пламен по масовниот руски напад/ВИДЕО

Одеса во пламен по масовниот руски напад/ВИДЕО

115
EPA/IGOR MASLOV

Најмалку 18 лица се повредени во масовен напад во Одеса, а во нападот се оштетени и станбени згради, социјални и комерцијални објекти, соопштија украинските власти.

Според началникот на Воената администрација на Одеса, Серхиј Лисак, станбени блокови биле погодени во неколку градски области, при што пожари избувнале во високи згради и приватни домови, објави Укринформ.

Најголема штета е регистрирана во Приморскиот округ.

Оштетена е и детска градинка, трговски центар, хотел, административни згради, како и возила на паркинзи, додека во некои делови од градот биле погодени и инфраструктура и складишта.

Според полицијата и регионалните власти, меѓу повредените има малолетно лице, а неколку лица се во сериозна состојба, вклучително и пациенти на интензивна нега.

Спасувачките служби, вклучувајќи повеќе од 200 лица, учествувале во гаснењето на пожарот и операциите за пребарување и спасување.

На терен биле распоредени и психолози за да им дадат поддршка на населението, вклучително и на децата.

Властите соопштија дека многу цели биле уништени или оштетени, додека операциите за чистење и проценка на штетите продолжуваат, објави Танјуг.

ИЗДВОЕНИ