Од сабота ќе се подига селектираниот отпад

39

Почнувајќи од 15.3.2025 година (сабота), а потоа секоја наредна сабота во месецот, ЈП „Охридски комуналец”, ќе врши подигање на селектиран отпад (хартија и картон, пластика) од улиците: „Будва”, „Винковачка”, „Прилепска”, „Железничка”, „Крали Марко” и „8 Март”.

– Жителите на овие улици претходно добија жолти садови за селектирање пластика и сини садови за селектирање хартија и пластика – информираат од ЈП „Охридски комуналец“.

Од претпријатието ги замолуваат граѓаните од наведените улици да ја почитуваат динамиката за подигнување на селектиран отпад, бидејќи на тој начин ќе придонесат во зачувување на животната средина.

 

ИЗДВОЕНИ