понеделник, ноември 2, 2026
Дома СКОПСКА Од понеделник во училиштата во Гази Баба ќе се интонира химната

Од понеделник во училиштата во Гази Баба ќе се интонира химната

39

Од понеделник треба да почне да се применува одлуката што ја донесе Општина Гази Баба: секој понеделник наставата во училиштата да почнува со интонирање на националната химна.

– Родителите ја поздравуваат оваа одлука, бидејќи националната химна е еден од нашите главни симболи и обележја што ги симболизираат идентитетот, историјата и суверенитетот на една држава. Сметам дека е една правилна одлука што ја имаме донесено на седница на Советот – изјави градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

ИЗДВОЕНИ