Дваесетина студенти во блокадата кои трчаат на штафетен маратон до Брисел пристигнаа во Виена на 30 април.
Групата која на 25 април тргна од Нови Сад, беше пречекана од жителите на австриската престолнина.
Меѓу насобраните имаше и многу луѓе по потекло од Србија и регионот.
На своето патување од речиси две илјади километри, студентите тргнаа од Железничката станица во Нови Сад, каде на 1 ноември 2024 година при уривање на настрешница загинаа 16 лица. Тие трчаат кон Брисел под слоганот „Од мог села до Брисела“.
Нивниот план е да пристигнат во Брисел на 12 мај, за кога е закажана седница на Европскиот парламент на која ќе се расправа за ситуацијата во Србија.
Тие трчаат во групи кои се менуваат по одреден број километри.
Студентите тргнаа на маратон од речиси две илјади километри од Железничката станица во Нови Сад, каде што загинаа 16 лица при уривање на настрешница на 1 ноември 2024 година.
Студентите маратонци го продолжуваат патувањето на своите колеги кои на почетокот на месецов со велосипед поминаа 1.400 километри до европските институции во Стразбур.
Фокусот на нивните барања е утврдување кривична и политичка одговорност за несреќата во Нови Сад.
Од Владата тврдат дека се исполнети барањата на студентите, ги повикуваат да ги отворат факултетите.
Академиците, пак, велат дека не се, и дека блокадите продолжуваат.
Покрај стотиците илјади граѓани кои со месеци се собираат на протести, зад барањата на студентите застанаа и бројни универзитетски професори, просветни работници, земјоделци, адвокати и актери.