среда, септември 16, 2026
Дома БАЛКАН Хашим Тачи осуден на 25 години затвор, за останатите тројца вкупно 56...

Хашим Тачи осуден на 25 години затвор, за останатите тројца вкупно 56 години

40
EPA/Koen van Weel / POOL

Судот во Хаг ја изрече првостепената пресуда за Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи.

Хашим Тачи – Прогласен за виновен за незаконско апсење како воено злосторство врз најмалку 386 лица, суров третман на 49 лица, тортура врз 333 лица и убиство на 96 лица. Тој беше ослободен од обвиненијата поврзани со одредени други воени злосторства, прогон, затворање, тортура, убиство и присилни исчезнувања.

Вкупна казна од 25 години!

Јакуп Красниќи е осуден на вкупно 25 години затвор.

Кадри Весели – Казна од 18 години затвор.

Реџеп Селими – Затворска казна од 13 години.

Обвиненијата за злосторства против човештвото не се докажани

Претседавачот на судечкиот совет, судијата Чарлс Смит, изјави дека Обвинителството не успеало да ги докаже обвиненијата за злосторства против човештвото против поранешните лидери.

„Во однос на постоењето на широко распространет напад врз цивилното население – што е предуслов за злосторство против човештвото – Судечкиот совет утврди дека Обвинителството не успеало да докаже оти таков широко распространет напад врз цивилното население навистина се случил“, рече тој.

Судот потврди дека биле извршени воени злосторства врз најмалку 385 лица.

„Овој случај не се занимаваше со легитимноста на ОВК, ниту со злосторствата што српската страна навистина ги извршила врз жителите на Косово“, нагласи судијата. Притворениците биле тепани и изложени на психичко страдање

Судечкиот совет утврди дека многу притвореници биле тепани до степен да не можат да стојат, додека некои ги загубиле животите како последица на тепањето од страна на припадници на ОВК.

Според судијата Смит, притворениците биле изложени и на психичко страдање.

Судечкиот совет утврди дека Специјализираното обвинителство успешно го докажало извршувањето на воени злосторства кои вклучуваат суров третман и тортура врз повеќе лица на Косово и во два округа во Албанија.

Судскиот совет утврди дека, во периодот од април 1998 до јуни 1999 година, низ 12 општини во Косово и еден округ во Албанија, припадници на ОВК спровеле акции кои резултирале со смрт на 96 лица кои не учествувале активно во непријателствата.

Кои биле целните лица?

Според наодите на Судскиот совет, меѓу целните лица биле членови и претставници на други политички или воени сили – конкретно оние поврзани со ЛДК (Демократски сојуз на Косово) и ФАРК.

Во оваа група спаѓале и лица поврзани со властите на Сојузна Република Југославија, како и припадници на етнички малцинства, вклучително Срби и Роми, пренесува РСЕ.

Обвинетите дејствувале здружено кон заедничка криминална цел

Судскиот совет наведе дека четворицата обвинети сносат индивидуална одговорност, но утврди дека тие дејствувале заедно и постигнале договор за заедничка криминална цел. Според судијата Смит, тие заеднички воспоставиле објекти за притвор, доделувале улоги и позиции на други лица за да ја постигнат таа цел и издавале соопштенија за да ги шират своите ставови и политики.

Судскиот совет исто така утврди дека обвинетите обезбедиле целосна неказнивост за сторителите на кривичните дела.

Тачи бил клучна фигура во остварувањето на заедничката криминална цел. Судскиот совет утврди дека Хашим Тачи дал значителен придонес во остварувањето на заедничката криминална цел.

Тој и другите обвинети именувале лојални поединци на разни позиции за да ја задржат контролата во рамките на ОВК во текот на релевантниот период, додаде Смит.

Според него, многу од овие лица извршиле кривични дела или биле свесни за нивното извршување.

ИЗДВОЕНИ