четврток, јуни 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Обвинителството бара притвор за убиецот од Росоман

Обвинителството бара притвор за убиецот од Росоман

31

Основното јавно обвинителство Кавадарци бара притвор за осомничениот за убиство во Росоман. Обвинителството нареди спроведување истражна постапка против 27-годишникот од Росоман кој се сомничи за кривично дело – Убиство .

Во соопштението што беше испратено до јавноста, од Обвинителството велат дека осомничениот со умисла, при вршење семејно насилство, ја лишил од живот сопствената мајка. Додеката жената спиела во една од собите, тој ја прободел со кујнски нож во вратот, нанесувајќи и смртоносни повреди.

Поради тоа јавниот обвинител до надлежниот судија на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, известија од Обвинителството.

ИЗДВОЕНИ