сабота, октомври 3, 2026
Дома СКОПСКА Обновено мултинаменското спортско игралиште во Марино

Обновено мултинаменското спортско игралиште во Марино

41

Општина Илинден целосно ги реконструираше спортските терени во рамки на мултинаменското спортско игралиште во населеното место Марино, со што жителите добија современ, функционален и безбеден простор за спорт, рекреација и дружење.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски истакна дека во рамки на проектот се реконструирани фудбалскиот и кошаркарскиот терен, а реализирани се и низа дополнителни активности за уредување и заштита на целиот спортско-рекреативен простор.

-Фудбалскиот терен е целосно обновен на површина од 924 квадратни метри, поставена е нова вештачка трева, два нови гола и заштитна мрежа зад головите, со што се создадени значително подобри услови за игра, тренинг и рекреативни активности. Целосна реконструкција е извршена и на кошаркарскиот терен, кој се протега на површина од 436 квадратни метри, каде се поставени нови ПП пластични плочки, а заменети се и двете кошаркарски табли и двата обрачи. Во рамки на уредувањето на спортскиот комплекс, поставена е и нова пластифицирана заштитна мрежа и нова панелна 2Д заштитна мрежа на површина од 132 квадартни метри – информираат од Општина Илинден.

 

ИЗДВОЕНИ