четврток, јуни 4, 2026
Дома СКОПСКА Обновен вториот дел од улицата „11“ во Кадино

Обновен вториот дел од улицата „11“ во Кадино

96

Општина Илинден продолжува со интензивните активности за унапредување на патната инфраструктура, при што деновиве успешно е завршена реконструкцијата на вториот дел од улицата „11“ во населеното место Кадино.

– Станува збор за значајна делница со должина од околу 500 метри и широчина од 5,5 метри, која доби целосно нов коловоз, со што значително се подобрува квалитетот на сообраќај. Покрај обновата на коловозот, изграден е и тротоар со широчина од 1,5 метри, што овозможува побезбедно и покомфорно движење за пешаците. Со оваа интервенција, улицата добива современ и функционален изглед, усогласен со потребите на модерното урбано живеење – информираат од Општина Илинден.

Градоначалникот Александар Георгиевски истакна дека со реализацијата на оваа фаза, заедно со претходно реконструираниот дел, вкупната должина на обновената улица изнесува околу 720 метри и оти ваквите проекти претставуваат јасен показател за стратешкиот пристап на Општината кон рамномерниот развој и за подобрувањето на условите за живот во сите населени места.

Проектот е целосно финансиран од буџетот на Општина Илинден, што уште еднаш ја потврдува определбата на локалната самоуправа за континуирано инвестирање во инфраструктурата и создавање на побезбедна, поуредена и пофункционална средина за сите граѓани.

 

ИЗДВОЕНИ