Бројот на санкции воведени против Русија од 2014 година, достигна речиси 29.000, при што најголемиот број санкции ги имаат воведено Соединетите Американски Држави, Канада и Швајцарија, пресмета РИА Новости врз основа на податоците на независниот аналитички портал „Кастелум“ и јавно достапни инфорамции.
Заклучно со крајот на април 2025 година, другите земји против Русија вовеле речиси 28.937 нетрговски санкции. Од тоа, 92 отсто се санкции воведени од крајот на февруари 2022 година.
Соединетите Американски држави воведоа најголем број санкции – 25,5 отсто од сите воведени ограничувања, односно 7.384.
Меѓу првите три места се најдоа Канада со удел од 12,6 отсто, односно 3.639 санкции, и Швајцарија со удел од 11,3 отсто (3.266 санкции).
Следат Норвешка, која воведе околу 2.678 ограничувања или 9,3 отсто. Потоа Исланд со 2.482 санкции, и Обединетото Кралство, кое воведе 2.078 санкции (7,2 проценти).
Во првите десет на овој список влегоа уште и Нов Зеланд, Австралија и Јапонија.
Рускиот претседател Владимир Путин претходно извеси дека во моментот се воведени 28.595 санкции против Руската Федерација, што е повеќекратно повеќе отколку против остатокот од светот, пренесува РТ Балкан.