петок, септември 25, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Поради новиот начин на пресметка, придонесите им се зголемиле од 4.200 на...

Поради новиот начин на пресметка, придонесите им се зголемиле од 4.200 на 9.500 денари

30

Дел од занаетчиите реагираат за значително зголемените придонеси по новиот начин на пресметка што се применува од јули 2026 година. Според нив, месечните обврски пораснале од околу 4.200 на околу 9.500 денари.

Од Занаетчиската комора велат дека само во Скопје повеќе од 40 занаетчии поднеле барања за затворање на дејностите. Како дополнителен проблем го посочуваат доцнењето на пресметките за јули и неусогласеноста на податоците меѓу институциите.

Од УЈП објаснуваат дека со законските измени од јули, тие ги генерираат МПИН-пресметките за „паушалците“, а основицата за придонесите се утврдува според месечната аконтација на паушално утврдениот нето-доход. Од Управата потврдуваат дека доцнеле пресметките за јули поради приспособување на софтверот.

УЈП најавува дека од 1 јануари 2027 година ќе се применува нов модел со однапред подготвени месечни налози за данок и придонеси, со корекции само во специфични случаи.

ИЗДВОЕНИ