среда, септември 30, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА НП „Пелистер“ добива директна поддршка од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството...

НП „Пелистер“ добива директна поддршка од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој

1

Директорката на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Даниела Иротова-Лазарева, со директорот на Националниот парк „Пелистер“, Иванчо Тошевски, потпишаа договор. Со него се уредуваат меѓусебните права и обврски, во врска со обезбедувањето и користењето финансиски средства за реализација на активности и инвестиции од значење за заштитата, управувањето, унапредувањето и одржливиот развој на Националниот парк „Пелистер“.

Согласно со важечките прописи, Програмата за заштита на природата, Планот за управување со НП „Пелистер“, годишните програми на паркот и расположливите средства во буџетот на државата, финансиските средства ќе се користат исклучиво за: заштита и унапредување на природните вредности и биодиверзитетот, мониторинг на видови и живеалишта, превенција и заштита од шумски пожари, одржување и унапредување на зелената инфраструктура, уредување и одржување на патеки и пристапни инфраструктурни објекти, еколошка едукација и подигнување на јавната свест, развој и унапредување на екотуризмот, набавка на опрема неопходна за вршење на дејноста, санација и реконструкција на објекти предвидени со плановите и програмите на  НП „Пелистер“ и други активности од значење за заштитата и одржливото управување со Националниот парк.

– Оваа поддршка доаѓа во клучен момент и е основа за отпочнување со реализација на крупни проекти кои ќе трасираат еден сосема нов правец во развојот на НП „Пелистер“ – велат од управата на паркот.

 

ИЗДВОЕНИ