среда, септември 30, 2026
Дома СВЕТ „Патниците се молеле за спас“: Се појави видео од драмата на летот...

„Патниците се молеле за спас“: Се појави видео од драмата на летот кон Тел Авив/ВИДЕО

0

На социјалните мрежи е објавено видео од летот на „Флајдубаи“ (Flydubai) со ознака FZ1073 од Дубаи кон Тел Авив, кој претходно беше пренасочен и принуден да слета во Саудиска Арабија по инцидент во пилотската кабина.

Според информациите што го придружуваат видеото, еден од пилотите го нападнал другиот и се обидел да ја преземе контролата врз авионот.

Наводно, во еден момент авионот изгубил околу 14.000 стапки (приближно 4.300 метри) висина пред ситуацијата да биде ставена под контрола.

Во авионот имало 174 патници, а летот потоа бил пренасочен кон Саудиска Арабија.

ИЗДВОЕНИ