В сабота, на 9 мај, Денот на Европа, во Паркот на Франкофонија ќе се одржи традиционалниот настан „Нож и виљушка на европска чинија“. За настанот, кој почнува точно на пладне, од Општина Центар уверуваат дека присутните ќе уживаат во добра храна, музика, дружење и вкусови од различни култури, заедно со претставници на земјите членки на Европската Унија и многубројни гости.
– Овој настан со години нè обединува и прерасна во убава традиција во Центар – место каде што се запознаваме, дружиме и ја славиме различноста преку гастрономијата и културата. Подготвуваме богата програма, изненадувања за сите генерации и одлична атмосфера. Ве очекувам да го поминеме денот заедно, во духот на европските вредности, пријателството и заедништвото – вели градоначалникот Горан Герасимовски.












