Шарунас Јасикевичиус жестоко го искритикува својот тим по поразот на Фенербахче од Жалгирис со 81-78 во третиот меч од плејоф серијата во Евролигата. Литванскиот стратег беше особено незадоволен од одбраната, оценувајќи дека неговите играчи изгледале „како аматерски тим“.

  • Можеби не ја разбравме нашата одбранбена филозофија. Во некои ситуации, може да се даде малку повеќе простор, но навистина изгледавме како аматерски тим, истакна Јасикевичиус.

Јасикевичиус изјави дека неговата екипа премногу лесно дозволувала отворени шутови за три поени и дека тоа е недозволиво на ова ниво. Според него, Жалгирис бил подобар и постабилен тим во текот на сите 40 минути.

Херој на литванскиот состав беше Тубелис со 26 поени и шест скока, што воедно е негов личен рекорд во Евролигата.

И покрај поразот, Фенербахче и натаму води со 2-1 во серијата, а четвртиот натпревар повторно ќе се игра во Каунас.

ИЗДВОЕНИ