Недалеку од Задар на хрватскиот брег, во близина на Јовиќи, денес избувна пожар, а куќите во моментов не се загрозени, објави командантот на хрватската противпожарна служба Славко Туцаковиќ.
Тој за хрватски „Индекс“ изјави дека покрај пожарникарите, во гаснењето на пожарот учествуваат и хеликоптер и „воздушен трактор“.
Туцаковиќ истакна дека пожарот во еден момент ги загрозил куќите, но дека тие биле одбранети, пренесува „Танјуг“.












