Во скопската Зоолошка градина повторно има причина за радост. Викендов се извело уште едно бебе пингвин од видот хамболт.
– Нашите пингвини Џонатан и Лила за само неколку дена станаа горди родители на второто младенче – ја пренесоа убавата вест од Зоолошката градина.
Оттаму споделија видео на кое може да се види како ги храни мајката Лила бебињата. Таа јаде риба, ја џвака и така подготвената смеса им ја дава на малите, што е природен начин на исхрана кај пингвините.
Скопје ЗОО продолжува да биде една од најуспешните зоолошки градини во регионот во размножувањето на загрозениот вид хамболт пингвини.












