четврток, септември 24, 2026
Дома СВЕТ Ново истражување на „Галуп“: Дури 43 проценти од Американците повеќе го ценат...

Ново истражување на „Галуп“: Дури 43 проценти од Американците повеќе го ценат социјализмот од капитализмот

1
EPA/LUONG THAI LINH

Според ново истражување на институтот „Галуп“, 43 проценти од Американците имаат позитивен став кон социјализмот, што е првпат откако се спроведуваат вакви анкети, повеќе од 40 проценти од гласачите во САД да го претпочитаат социјализмот пред капитализмот.

Анкетата покажа дека 66 проценти од демократите имаат позитивен став за социјализмот, како и 45 проценти од независните гласачи, додека само 14 проценти од републиканците го делат тоа мислење. Довербата на демократите во капитализмот се намалува од година на година и сега е на рекордно ниско ниво, со поддршка од само 35 проценти. Ставовите на републиканците се генерално постабилни, бидејќи огромното мнозинство од 65 проценти сè уште позитивно ги оценува малите бизниси, слободното претприемништво и капитализмот, додека само 14 проценти имаат позитивно мислење за социјализмот.

Истражувањето покажа и дека постојат големи разлики во мислењето кога станува збор за возрасните категории. Кај гласачите на возраст меѓу 18 и 34 години, има многу поголема веројатност да имаат позитивен став за социјализмот отколку за капитализмот. Анкетата покажа дека 60 проценти од младите луѓе имаат позитивен став за социјализмот, додека 43 проценти од испитаниците го претпочитаат капитализмот. Кога станува збор за гласачите над 55 години, 65 проценти веруваат дека капитализмот е подобар од социјализмот, во споредба со 34 проценти на оние што веруваат во социјализмот.

ИЗДВОЕНИ