четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ Новиот врховен лидер е безбеден и здрав, тврди синот на иранскиот претседател

Новиот врховен лидер е безбеден и здрав, тврди синот на иранскиот претседател

432
EPA/ABEDIN TAHERKENAREH

Новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, е „безбеден“ и здрав, објави синот на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, додека се шират вестите за неговата повреда.

Јусеф Пезешкијан напиша во Телеграф дека „слушнал извештаи“ дека врховниот лидер е повреден, објави Би-Би-Си.

„Прашав неколку пријатели кои имале релевантни контакти и тие рекоа, фала му на Бога, тој е безбеден и здрав“, рече Јусеф Пезешкијан.

Изјавите дојдоа во време на шпекулации за здравјето и местото каде што се наоѓа Хамнеи, кој не е виден во јавноста откако беше избран да го наследи својот татко, ајатолахот Али Хамнеи, пред три дена.

Според „Њујорк тајмс“, помладиот Хамнеи бил повреден на почетокот на американско-израелските напади врз Иран, а весникот цитираше тројца ирански и двајца израелски функционери кои не сакаа да бидат именувани, објави „Гардијан“.

Би-Би-Си претходно објави дека Хамнеи не дал никакви изјави ниту се појавил во јавноста од неговото назначување.

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, беше убиен на првиот ден од нападите на САД и Израел врз Иран, на 28 февруари.

Три дена е врховен лидер на Иран, Хамнеи се уште не се појавил во јавноста – се шпекулира за неговото здравје

ИЗДВОЕНИ