Автопатот А1 помеѓу јазлите Свети Рок и Поседарје, Јадранската магистрала помеѓу Карлобаг и Света Марија Магдалена, државниот пат Масленица – Затон Обровачки, Пашкиот мост и обиколницата кај Омиш се затворени за сиот сообраќај. Сообраќајот се одвива отежнато и во внатрешноста на земјата, каде што на места паѓа слаб снег или суснежица, пренесува Dnevnik.hr.
Поради временските услови, на одредени патишта долж крајбрежјето важат дополнителни ограничувања за автобуси на кат, мотоцикли, возила со приколки, доставни возила и возила со покриен товарен простор.
Сообраќајната поврзаност помеѓу островот Паг и копното е особено отежнат.
I za 7 dana prava zima na modelima. Zimska anticiklona, puno bure, suho i niske temperature zraka. 🙂
https://t.co/T9TTnBpqcp https://t.co/znHQI8lzsT
— IstraMet (@IstraMet) November 29, 2026
Фериботската линија е во прекин, а Пашкиот мост е затворен за сиот сообраќај, па моментално не е можно ниту да се стигне до островот, ниту да се напушти.
Во поголемиот дел од Хрватска, коловозите се влажни, а поради ниските температури постои опасност од појава на мраз, особено на мостовите и надпатниците.
Хрватскиот државен хидрометеоролошки завод (DHMZ) издаде црвено предупредување за Велебитскиот канал, каде што се очекуваат удари на ветерот со брзина до 160 километри на час, додека за Кварнер, Кварнериќ и делови од Далмација е на сила портокалово предупредување.
Денес во внатрешноста на Хрватска се очекува снег и суснежица, а поради силното невреме, снегулки би можеле да стигнат и до крајбрежјето, особено во областа околу Сењ.
Во Горски Котар и делови од Лика повремено ќе паѓа слаб снег, а температурите во поголемиот дел од денот ќе бидат под нулата.
Поради ниските температури постои опасност од мраз, а на многу патишта се прогласени зимски услови за возење. Безбеден начин за чистење на компјутерска тастатура
HAK апелираше до возачите да ја прилагодат брзината кон условите на патот и да не тргнуваат на пат без пропишаната зимска опрема, пренесува „Танјуг“.












