петок, јуни 5, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Нови, пониски цени на сите горива

Нови, пониски цени на сите горива

92

Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека од вечерва на полноќ се намалуваат цените на горивата.

ЕУРОСУПЕР 95 и ЕУРОСУПЕР 98 се намалуваат за 0,5 денари, и од утре ќе се продаваат по цена од 74 денари, односно 76 денари по литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за 1 денар, и од утре ќе се продава за 67,5 денари по литар.

Екстра лесното масло за домаќинство се намалува за 1 денар, и од утре ќе чини 67 денари. Мазутот поевтинува за 1,1 денар, и ќе чини 38,6 денари по килограм.

ИЗДВОЕНИ