петок, јуни 5, 2026
Дома СВЕТ Нови докази нападот врз женското училиште во Иран во кој загинаа 165...

Нови докази нападот врз женското училиште во Иран во кој загинаа 165 ученички: Ракета лансирана од американска воена база

1402

Воените истражители објавија дека првичните наоди укажуваат дека американските трупи извршиле воздушен напад врз училиште во Техеран на првиот ден од војната на Блискиот Исток, во сабота, 28 февруари, објавува британскиот весник „Гардијан“. Високи американски воени претставници потврдија дека досега собраните докази укажуваат дека станува збор за напад од страна на САД.

Убиени се 165 деца. Сè уште не е познато кои ракети биле употребени.

Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, објави дека САД започнале сеопфатна истрага за ова прашање. Сепак, истрагата е сè уште во тек и можни се различни заклучоци, а ракетите наводно биле лансирани од американската воена база Ал Дафра во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

За потсетување, Израел и САД го нападнаа Иран во раните утрински часови во сабота, 28 февруари, во воена операција наречена „Епски бес“. Во нападите беа убиени врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, и поранешниот ирански претседател Махмуд Ахмадинеџад.

ИЗДВОЕНИ