EPA-EFE/STR

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, која го направи најголемиот успех во кариерата со пласманот на главниот турнир на Вимблдон, во првото коло ќе ги одмери силите против Американаката Аманда Анисимова, која моментно е на шестата позиција на ВТА листата и влегува во овој дуел како апсолутен фаворит за победа.

Мечот на нашата тенисерка е избран за еден од двата кои свечено ќе ја отворат програмата на овој натпреварувачки ден во Лондон. Но, многу поважно од ова е тоа што и најдобриот тенисер на сите времиња, Србинот Новак Ѓоковиќ, уште еднаш ја покажа својата силна поддршка за спортистите од регионот.

Тој директно од Вимблдон испрати порака со охрабрување за Лина, преку изјава за македонската новинска агенција „Макфакс“. Српскиот тенисер кажа дека е добро запознаен со нејзината работа и дека ги следи нејзините настапи и и посака среќа и успех во претстојниот голем предизвик, што би требало да биде дополнителен мотив за македонската тенисерка.

Го прследив нејзиниот настап од пред неколку дена кога се квалификуваше. Големи честитки за неа и за македонскиот тенис, како што рековте, таа испиша своја историја на овој Вимблдон. Се надевам дека ќе им ги отвори вратите на младите и ќе им покаже на луѓето од Македонија, кои имаат желба да успеат, дека се е можно. Исто така многу ми е мило за Македонија, ми се наближува моментот кога ќе ја посетам, се надевам дека тоа ќе биде многу скоро. Можеби и ќе организираме нешто со Лина и Калин Ивановски, со кого имав можност да тренирам во Грција пред да дојдам на Вимблдон, кажа меѓу другото во мини интервуто за „Макфакс“, најдобриот тенисер на сите времиња.

Својот натпревар против шестата носителка, Ѓорческа ќе го игра утре, односно на вториот ден од натпреварите од првото коло. Со оглед на тоа што противничката е вицешампионка од лани, не е исклучено нашата тенисерка да игра на еден од главните терени, но тоа ќе се знае денеска кога ќе биде познат и точниот термин на натпреварот.

Целиот текст можете да го прочитате на следниов ЛИНК

ИЗДВОЕНИ