недела, јуни 28, 2026
Дома БАЛКАН Општина во Грција со соопштение и на македонски јазик: Нема повеќе „резервации“...

Општина во Грција со соопштение и на македонски јазик: Нема повеќе „резервации“ на плажа во Грција, чадорите и лежалките ќе завршат во отпад

487

Туристите кои летуваат на првиот крак на Халкидики добија јасно предупредување од општина Касандра – незаконски оставените чадори, лежалки и друга опрема на плажите ќе бидат отстранети и ќе се третираат како отпад.

Општината објави известување на англиски, грчки и македонски јазик, со кое ги повикува граѓаните и посетителите во рок од 24 часа да ги отстранат предметите поставени на јавните плажи без законско право.

Фото: Фејсбук – Општина Касандра

„Целта е слободни и достапни плажи за сите“, наведуваат од општината, повикувајќи се на Законот 5092/2024 за заштита на јавниот карактер на крајбрежјето и плажите.

Доколку предметите не бидат отстранети во предвидениот рок, локалните власти ќе ги соберат без дополнително известување. Отстранетата опрема ќе се смета за напуштена на јавен простор, ќе биде третирана како отпад и нема да им биде вратена на сопствениците.

Од општина Касандра потсетуваат дека и минатото лето спроведоа повеќе акции за расчистување на нелегално поставени чадори, лежалки и столици, со цел да се обезбеди слободен пристап до плажите за сите посетители и да се заштити крајбрежјето.

 

ИЗДВОЕНИ