Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, официјално нема да учествува на Мастерс турнирот во Монтреал, а слободното време без натпревари го користи за одмор.
Најдобриот тенисер на сите времиња ја искористи можноста и посети добро позната дестинација за одмор, особено во лето – Црна Гора. Ѓоковиќ беше фатен во сообраќаен метеж додека со својот автомобил одеше кон една од дестинациите во Црна Гора.
Српскиот тенисер неодамна го играше полуфиналето на Вимблдон, третиот Гренд слем во сезоната. Не успеа да ја добие својата 25-та титула на вакви турнири, загуби од Јаник Синер во три сета. Последната шанса да постигне таков успех оваа сезона ќе ја има на Отвореното првенство на САД, кое следи за еден месец. Ѓоковиќ веројатно ќе го има својот последен тест пред турнирот во САД на Мастерсот во Синсинати, кој ќе се игра по турнирот во Монтреал.












