Вработените од Националниот парк „Пелистер“, во соработка со „Extreme Bike Team“ од Битола, викендов целосно ја уредија планинарската патека која води од Цапарска Пресека преку Горна Скала, Лоша Стена, па сè до селото Цапари.
– Локацијата Лоша Стена е една од најлесно достапната локација – видиковец што ги има Националниот парк „Пелистер“ и се наоѓа на околу 1.220 метри надморска висина, југоисточно од селото Цапари и сега е веќе лесно достапна локација за сите посетители – информира Иванчо Тошевски, директор на Националниот парк.
Од НП „Пелистер“ посочија дека овој викенд работат и на целосно уредување на кружната вело и пешачка патека со вкупна должина од 16 километри, која ќе почнува од Инфоцентар, Цапарска Пресека, Цапарски Вир, Ротинско Езеро, Голема и Мала Ливада и назад до Инфоцентар.












