понеделник, ноември 23, 2026
Дома СКОПСКА Градинката „Детелинка“ доби енергетски ефикасна фасада

Градинката „Детелинка“ доби енергетски ефикасна фасада

1

Детската градинка „Детелинка“ доби нова енергетски ефикасна фасада, со вкупна површина од 900 квадратни метри.

Со поставувањето на новата фасада за чија реализација Општина Ѓорче Петров инвестираше 1.600.000 денари од сопствениот буџет, значително се подобрува топлинската изолација на објектот, се создаваат поповолни услови за одржување оптимална температура во просториите и се овозможува поефикасно искористување на енергијата. Најважно од сè, инвестицијата придонесува за поздрава, потопла и попријатна средина за децата и за вработените.

Од Општината велат дека продолжуваат активностите и во следната фаза, кога со поддршка од УНОПС ќе се реконструира комплетниот систем за греење во градинката.

ИЗДВОЕНИ