Македонската женска кошаркарска репрезентација претрпе уште еден убедлив пораз во квалификациите за Европското првенство 2027, откако на гостувањето кај Грција загуби со 101:47. По овој пораз, Македонија има учинок од една победа и четири порази пред последното, шесто коло од квалификациите, кога на 17 март во салата „Градски парк“ во Скопје ќе ја пречека селекцијата на Хрватска.
Најефикасна во македонскиот состав беше Мерит Хемпе со 21 поен, на кои додаде и осум скока и две асистенции.
Стојановска мечот го заврши со седум поени, четири скока и три асистенции, додека Селцова придонесе со шест поени, седум скока и пет асистенции.











