Актуелниот кошаркарски шампион, екипата на МЗТ Скопје, го официјализираше ангажманот на американскиот плејмејкер Ноа Фарахан, кој е најновото засилување за сезоната 2026/27.

Дваесет и петгодишниот кошаркар зад себе има европско искуство, откако минатата сезона настапуваше за Студент, Борац Бања Лука и словачки Комарно. Фарахан е добро познат за „металците“, бидејќи во АБА2-лигата им уфрли 27 поени и запиша седум асистенции во меѓусебен дуел. Минатото лето беше дел и од Летната НБА-лига, каде што одигра четири натпревари за Сан Антонио. Тој е второто странско засилување кај „штрковите“ ова лето, по босанскиот центар Емир Крајиниќ.

Тимот предводен од Васко Атанасов во новата сезона ќе се натпреварува во домашното првенство, АБА2-лигата и ФИБА Европскиот куп.

ИЗДВОЕНИ