вторник, септември 15, 2026
Дома СВЕТ САД планираат продажба на оружје на Израел во вредност од 2,8 милијарди...

САД планираат продажба на оружје на Израел во вредност од 2,8 милијарди долари

15

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира да му продаде на Израел пакет муниција во вредност од 2,8 милијарди долари, вклучувајќи и „високоразорни бомби“ со тежина од приближно 900 килограми, објави денеска Ројтерс, повикувајќи се на неименуван американски функционер.

Планираната продажба, за која неформално се известени соодветните конгресни комисии задолжени за надзор на големите продажби на оружје, опфаќа 20.000 бомби МК-84 и 20.000 бомби БЛУ-117, изјави функционерот.

Израел редовно користи бомби од 900 килограми во нападите врз Појасот Газа и во Либан, што го привлече вниманието на експертите за човекови права.

ИЗДВОЕНИ