четврток, ноември 5, 2026
Дома СВЕТ Ден со висок ризик во Франција: До 700.000 луѓе излегуваат на улиците

Ден со висок ризик во Франција: До 700.000 луѓе излегуваат на улиците

1
EPA/SEBASTIEN NOGIER

Извештај на Француската служба за територијално разузнавање (DNRT) укажува дека денес, надвор од парискиот регион, се очекуваат меѓу 500.000 и 700.000 демонстранти, како дел од протестите и генералниот штрајк организирани од неколку синдикати во различни француски градови.

Според истиот извештај, денешниот ден е класифициран како ден со „висок ризик“, пренесува BFM TV. Во извештајот се наведува дека денешните протести би можеле да достигнат „ново ниво“ на насилство, особено во градските центри.

Во вторникот, синдикатот CGT објави мапа според која денес низ Франција ќе се одржат 244 демонстрации. Како што беше најавено, водечките национални синдикати од јавниот и приватниот сектор – заедно со студенти и средношколци – учествуваат во денешниот генерален штрајк и масовните протести. Демонстрантите и синдикатите наведуваат дека протестираат против порастот на трошоците за живот, инфлацијата, буџетските мерки, како и условите во јавните служби и образовниот систем.

Се очекува штрајкот да предизвика нарушувања во железничкиот и авионскиот сообраќај; националната железничка компанија SNCF најави откажување на околу десет отсто од своите брзи возови (TGV), додека значителни потешкотии се очекуваат и во париското метро. Синдикатите во енергетските компании и рафинериите исто така најавија прекин на работата, што би можело да влијае врз снабдувањето со гориво.

ИЗДВОЕНИ