Македонската јуниорска кик-бокс репрезентација продолжува со одличните настапи на Светското првенство во Италија откако стигна и до третиот медал за Македонија. Глигор Николов обезбеди најмалку сребрен медал откако во полуфиналето го совлада Канатулу Мансур од Казахстан.
Петар Лозановски, пак, обезбеди бронза за Македонија откако во категоријата до 60 килограми, во полуфиналето, загуби од Ахмед Каикенов од Казахстан.
Пласман во финале обезбеди и Томи Андонов, кој во полуфиналето го совлада Ринат Уралбај од Казахстан. Така, нашите млади кик-боксери продолжуваат да ја претставуваат Македонија со одлични резултати на светската сцена.











