Легендарниот УФЦ-борач, Франсис Нгану, првпат проговори по сообраќајната несреќа во која загина една тинејџерка, откривајќи дека цело време бил со нејзиното семејство и дека ќе продолжи да му биде поддршка во иднина.
Според полицискиот извештај, шампионот во тешка категорија е виновен бидејќи ја удрил и ѝ нанел сериозни повреди.
Трагичната ситуација се случила во текот на велигденските празници, во главниот град на Камерино, Јаунде. Според полицискиот извештај, Нгану го возел својот мотоцикл во населбата Омниспорт кога удрил во 17-годишната девојка, Манусела Бриџит Ентсам. Тогаш таа се здобила со сериозни повреди и покрај сите напори на лекарите, го загубило животот во болница. УФЦ-шампионот веднаш реагирал, ја однел во болница, платил за лекувањето, но едноставно немало излез.
Потоа тој се огласи на социјалните мрежи, првпат по несреќата.
- Бев со семејството од самиот почеток, нудејќи му поддршка, утеха и најдлабоко сочувство во овој период. Се сретнав со него приватно за да ја споделам тагата со него и ќе продолжам да бидам со него на секој чекор од патот. Ја носам неговата болка со мене, а моите мисли и поддршка остануваат со него додека се справува со оваа загуба што ни ги скрши срцата – напиша Нгану.
Нгану е роден на 5 септември 1986 година, во Камерун и беше шампион на УФЦ во тешка категорија. За да се пробие на ММА-сцената, тој дојде во Европа, а во 2015 година го имаше своето деби во УФЦ. Успеа да стане шампион во 2021 година, но потоа ја напушти организацијата поради повеќегодишен спор околу договорот.
Една од неговите најпознати борби беше против Тајсон Фјури, во 2023 година, но беше поразен по одлука на судиите. Тој имаше 21 борба во својата ММА-кариера, а победи во 18 од нив, од кои 13 беа со нокаут.