Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на турнирот во Пекинг откако денеска го победи вториот тенисер во светот, Германецот Александар Зверев, во три сета: 4-6, 6-4, 6-4.
Ѓоковиќ, кој е 11-ти на АТП-листата, ја обезбеди победата по два часа и 35 минути игра. Зверев му го одзеде сервисот на Ѓоковиќ во воведниот гем од првиот сет, ја задржа предноста од тој еден брејк до крајот на сетот и поведе.
Немаше брејкови сè до десеттиот гем од вториот сет; Зверев сервираше за да остане во сетот, но Ѓоковиќ успеа да му го одземе сервисот и да го израмни резултатот во сетови на 1-1. И во третиот сет немаше брејкови сè до десеттиот гем, кога Ѓоковиќ повторно му го одзеде сервисот на Зверев за да ја обезбеди победата и пласманот во полуфиналето, што беше негова десетта победа во кариерата против германскиот тенисер.
Во полуфиналето, Ѓоковиќ ќе се соочи со шестиот тенисер во светот, Русинот Данил Медведев, пренесе „Бета“.












